Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк го коментираше нападот со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ.
„Деканката на Филозофскиот факултет, сопругата на Бане Банана, кажа дека сум ја нападнал јас, а повредата ѝ е, инаку, отприлика како кога сечете краставица или кромид. Според информациите што ги добив, станува збор за површна повреда, без сериозни последици. Но, сето ова требаше да се искористи за нешто…“ изјави Вучиќ.









