Притвор за “бодигардот“ на премиерот Мицкоски

0
250

Педесет илјади евра – толку, според обвинителството, сакал да заработи телохранител на премиерот Христијан Мицкоски со државна тајна во ранец. Ангел Самараков полициски службеник од Велес и член на обезбедувањето на премиерот е уапсен под сомнение за оддавање службена тајна.

Апсењето е дел од акција на Обвинителството за организиран криминал, во координација со МВР. На 30 март, доцна вечерта, Самараков бил фатен во БМВ пред хотел во Велес, заедно со уште едно лице Б.К. Во возилото ранец полн со службени документи од МВР, кои според Обвинителството, ги покажувал на трети лица. За сè тоа барал пари.