„До нас пристигнаа податоци од кабинетот на директорот на ‘Пошта‘, каде што се задолжуваат директорите да разделуваат истапници и пристапници, потоа во ‘Водостопанство‘, каде што директорот се заканувал на синдикалните претставници веднаш да да се пренесат членовите во другиот синдикат. Има закани и во Катастар, Национални шуми, каде што директорот фрлал пристапници со закани да се префрлат членовите од ССМ во КСС“, вели претседателот на ССМ
Утре на 2 април, со почеток во 12:05 часот, 300 члена од највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Синдикатите здружени во ССМ ќе ја отворат јавната седница пред Работничкиот дом, која ќе продолжи пред Собранието, па пред Стопанската комора, а ќе се заврши пред Владата. Ова денеска на прес-конференција го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, соопштувајќи ги деталите за утрешниот протест на работниците низ улиците на главниот град.
Home Вести Македонија Трендафилов пред утрешниот протест обвини за притисоци: Има закани кон работниците да...









