Земјоделци сѐ помалку, храна од увоз сѐ повеќе

0
239

Нивите обраснати со плевел, а на пазарите и во маркетите увезена храна. Тоа е реалноста со која Македонија се соочува години наназад.

Само за една деценија работната сила е преполовена, производството се намалува, а потребите се задоволуваат со увоз, кој минатата година го надмина прагот од една милијарда евра. За тие пари, од 119 земји ширум светот кај нас пристигнале 784.841.000 килограми разно-разни прехранбени производи.

Државата не е способна самата да си обезбеди храна. Уште полошо, не презема конкретни мерки да го спречи или да го забави овој погубен тренд за домашното земјоделско производство.

Од 2014 до 2024, во просек, годишната потреба за увоз се зголемувала за 10.832 тони.

Целата објава на следниот линкhttps://pari.com.mk/zemjodelci-se-pomalku-hrana-od-uvoz/

Редакција Пари