Односите во коалицијата се добри, комуницираме, но сите треба да знаат дека коалицијата Вреди е антипод на ДУИ и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. И таа промена треба да се тера до крај. Деновиве разговараме за обединување на коалициските партнери во Вреди во една политичка партија која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Единствен кој има дилеми за тоа и размислува за можна соработка со ДУИ, е Таравари и за тоа треба него да го прашате, изјави денеска Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, дел од Вреди, на прашањето за настапот на коалицијата на претстојните локални избори.









