Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!

0
344

Берзите повторно во зелено, по одлуката на Трамп да ги стави под мраз царините на 90 дена. Европските бележат најголем скок од 2020-та година., растат и американските и азиските индекси. Стабилизрани се и приносите на 10 годишните обврзници на САД , доларот полека закрепнува, додека цената на златото расте. Демократите во американскиот Конгрес сега го обвинуваат Трамп за инсајдерско тргување,односно дека незаконски учествува во најголемата пазарна манипулација во светот. Се соменаваат дека соработниците на Трамп незаконски профитирале од огромните промени на берзата, затоа што неколку минути пред отворањето на Волстрит, Трамп на социјалната мрежа Трут сошал напиша – Време е за купување. Потоа објави дека високите царини ги одложува на 3 месеци. Но тоа не важи за Кина. Неа уште посилно ја казни. Наместо 104 и воведе тарифи од 125 отсто., откако Кина им воздрати со 84 отсто. Сепак Трамп очекува , покрај со останатите, да склучи договори и со кинезите.