Судскиот совет и судии од Тетово застанаа зад одлуката на нивниот колега Елмедин Ферати кој му одреди две години затвор на возачот Менсур Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска.
Судскиот совет и судии од Тетово застанаа зад одлуката на нивниот колега Елмедин Ферати кој му одреди две години затвор на возачот Менсур Пајазити поради прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Случајот предизвика бројни бранувања и реакции на јавноста во Северна Македонија, поради што премиерот Христијан Мицкоски и Министерството за правда побараа вклучување на Судскиот совет за да се разгледа пресудата.
Судскиот совет информираше дека го разгледале предметот за сообраќајката во која загина младата Теодора од Тетово и се на мислење дека судијата Ферати не можел да досуди повисока казна. Според нив, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.









