Можно е да се реотвори судскиот случај за усмртувањето на Теодора од Тетово

0
350

Откако не најде ништо спорно во одлуката на тетовскиот судија Ељведин Ферати, кој возачот Пајазити го осуди на две години затвор за прегазувањето на Теодора, Судскиот совет се поизвесно е дека ќе ја чешла и одлуката на гостиварска апелација – која ја намали казната на возачот.

Првиот човек на Судски Александар Камбовски, во емисијата Анализа на ТВ 24, очекува дека ќе се испитува работата на Апелација, но откако ќе заврши целиот процес, за кој се очекуваат и жалби на пресудата

Камбовски вели дека повторено судење за Теодора, може да има во случај да се утврди кривично дело на одредени судии и обвинители кои носеле одлуки за овој судски случај.

На иста линија се и дел од експертите. Драган Малиновски адвокат и  поранашен член на антикорупциска, смета дека и Советот на јавни обвнители треба да се вклучи во случајот со Теодора.

Возачот Пајазити во 2022 година ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово. Гостиварска Апелација му ја преиначи првичната пресуда од 3,5 на 2 години – со образложени дека Пајазити  бил семеен човек, изразил каење, а немал и претходни кривични дела.

Судијата Ферати од тетовксиот суд само ја потврди пресудата од Апелација. Во пресудата Судскиот совет не најде правни пропусти.Оттаму образложија дека според член од Законот за кривична постапка, кога жалбата е поднесена само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета.