За владата летување во странство е луксуз

0
197

Летување во странство за Владата е луксуз и дефинитивно ќе го нема во пресметките во владината просечна потрошувачка кошничка. Дали ќе се пресметува барем трошокот за седумдневен одмор во Дојран, кој го има во  минималната кошничка на Синдикатот, заменик-министерот за економија, Ристески без конкретен одговор.

Нашата просечна сигурно нема да користи во пресметките акцизни стоки како што се алкохол, цигари, летување во странство, бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Никој не го скратува одењето на одмор , но сепак одењето во странство на одмор мислам дека тоа секој граѓанин во Република Македонија во зависност од својот стандард, личен стандард и можности може да си го обезбеди или не, меѓутоа сметаме дека не е еден од податоците кои треба да влезат во пресметувањето на просечната потрошувачка кошничка“, вели Марјан Ристески.