ТРАМП ГО ОБВИНИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО РУСИЈА

0
345

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот колега Володимир Зеленски за започнување на војната со Русија, ден по масовниот руски напад во Украина, во кој загинаа 35 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Коментарите на Трамп доаѓаат по широката меѓународна осуда на рускиот напад врз украинскиот град Суми во неделата, кој беше најсмртоносниот врз цивили оваа година.

Кога започнувате војна, треба да знаете дека можете да ја победите војната.

Освен Зеленски, тој за војната го обвини и неговиот претходник Бајден и рускиот претседател Путин..

-Не започнувате војна против некој 20 пати поголем од вас, а потоа се надевате дека луѓето ќе ви дадат некои проектили.Она што е најважно, имаш милиони мртви, милиони луѓе мртви, поради три лица. Јас би рекол три лица. Да речеме, Путин број еден, да речеме Бајден, кој немаше поим што по ѓаволите прави, број два, и Зеленски, истакна Трамп.