Изјавите на Николовски за изградба на пругата се приказни за добра ноќ, обвинија бугарските претставници

0
203

Приказни за добра ноќ се изјавите на министерот за транспорт и врски Александар Николоски дека е очигледно оти Софија не сака да ја изгради пругата до границата од бугарска страна, одговара бугарскиот министер за транспорт и врски Гроздан Караџов.

Николоски претходно рече дека бугарската страна ги игнорира македонските барања за средба за договор за изградба на пругата и оти ги известиле европските институции за информациите дека Софија одлучила да не ја реконструира пругата од Софија до Перник. Караџов одговори во интервју за бугарската телевизија БНТ.

„Тоа се некакви македонски приказни за добра ноќ, затоа што додека Николоски ги зборува тие работи, тој воз поминал низ Перник, поминал и низ Радомир, стигнал до Ќустендил и од таму запрел на последната станица во Ѓуешево да чека да дојде и македонскиот воз“, изјави Караџов.