Поранешен српски ракометар снимен како шутира студент на протестот во Белград

0
636

Поранешниот прославен српски ракометар и актуелен член на „Српската напредна странка“ (СНС), Владимир Мандиќ, е снимен како удира еден студент за време на вчерашните протести пред Собранието на Србија.

Инцидентот се случил додека Мандиќ, инаку роден во Сараево во 1980 година, се наоѓал во заградениот простор пред парламентот каде што членовите и симпатизерите на СНС го прославуваа празникот на трудот со музика и дружење.

Во еден момент, дошло до турканица помеѓу студените кои протестираа против власта, барајќи правда и одговорност за трагедијата што се случи пред шест месеци во Нови Сад, кога при уривање на надстрешница загинаа 16 лица.

Како што пренесува „Nova.rs“, на снимката јасно се гледа како Мандиќ со ногата удира млад човек и го истуркува од заградениот простор каде што се одвивала прославата.

Мандиќ, кој како дете се преселил во Белград, во својата кариера како ракометар настапуваше за Црвена звезда, Партизан, Војводина, германски Магдебург и други клубови. Роден е во Сараево, кариерата ја завршил во Партизан во 2014 година, а денес е член на главниот одбор СНС.

ВИДЕО