ВИДЕO | БиХ: Познат криминалец до смрт изрешетан со 25 куршуми

0
659

Саво Чолиќ од Бања Лука е убиен денеска во бањалучката населба Лауш. Инаку, како што е претходно познато, Чолиќ беше ослободен од затвор минатата година откако отслужи петгодишна казна за трговија со дрога во случајот „Кафез“.

Сомневањата се дека убиството го извршил Јовица Ѓермановиќ (48).

Според информациите од регионалните медиуми, тој го чекал да се појави на својот мотор, излегол од автомобилот и кон него испукал околу 25 куршуми.

Ѓермановиќ претходно не ѝ бил познат на полицијата, додека Чоловиќ за убиство поминал 12 и пол години во затвор, а минатата година бил пуштен на слобода по отслужување на петгодишна казна за продажба на дрога.

„На паркинг просторот на продавницата за спортска опрема, на улица „Караѓорѓева“ во Бања Лука, околу 12.15 часот, извршено е кривично дело убиство со пушка на штета на С.Ч. од Бања Лука. Постојат основи на сомнение дека наведеното кривично дело го извршил Ѓ.Ј“ стои во полицискиот извештај.