ВИДЕО | Љублана: Среде бел ден пука во насилници кои го претепаа со клоци и тупаници

0
3331

На социјалните мрежи се споделува видео од физичка пресметка и пукање во Љубљана. Станува збор за инцидент што се случил во саботата во населба во Љублана која започнал во ресторан, а завршила на улица. Полицијата го истражува инцидентот поради сомнение за кривични дела насилно однесување и загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средства.

На видеото објавено од 24ur, група мажи тепаат маж во зелена маица кој лежи на земја. Во еден момент, пристигнува маж во бела маица држејќи пиштол. Потоа групата се распрснува, по што претепаниот човек во зелената маица зема пиштол и тргнува по напаѓачите. Трчајќи низ станбен комплекс, тој почнува да пука.

Полицијата продолжува да ги истражува сите околности на инцидентот, со сомнение за кривични дела насилно однесување и загрозување.