Вечерва во Тетово имаше пукање од страна на лице на мотоцикл во движење. Инцидентот се случил на улицата 111, позната и како населба Теќе, објави Алсат ТВ.
Според првичните информации, овој случај може да е поврзан со убиството што се случи пред една година во истата населба, во близина на улицата 111.
Исто така, можно е инцидентот да е поврзан со друг инцидент што се случил претходно, каде што имаше престрелка меѓу лице од село Гајре и друго од градот Тетово, настан што се случил пред околу една година и неколку месеци, во близина на тетовската болница.









