Делови од Скопје без струја и вода

0
359

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 6 до 9 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Борка Талевски“ во Општина Центар, од 9 до 15 часот, од селата Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, во Општина Чучер Сандево, а од 10 до 13 часот, корисниците од дел од село Страхојадица во Општина Зелениково.

Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 09.30 часот ќе нема вода на ул. „Црвена вода“ бр. 24 во Општина Центар, каде ќе се изведува водоводен приклучок на водоводна мрежа.Прекинот ќе трае до завршување на најавените активности.