Пронајдено возилото на АРМ кое пред еден месец исчезна од авто сервис во Гази Баба

0
784

Возило соптсвеност на македонската армија кое пред еден месец исчезна од авто сервис во Гази Баба било пронајдено вчера во Кисела Вода.

„На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.