Експлозија во воена фабрика во Србија, има повредени

0
757

По експлозијата во фабриката Крушик, седум работници биле примени во болницата во Ваљево поради повреди, потврди N1. По прегледот, сите работници биле пуштени на домашно лекување.

Како што претходно објавија од Крушик, утрово околу 7:40 часот за време на редовните активности на пресување на пени, бил активиран засилувачот на запалката на пресата.

Од фабриката изјавија дека еден вработен се здобил со повреди во форма на исеченици, а четворица вработени имаат симптоми на зуење во ушите.