Министерот за економија, Бесар Дурмши, изјави дека само оваа година Владата предвидува 40 милиони евра за мерки против невработеноста. Невработените ќе бидат стимулирани да добијат грантови преку Агенцијата за вработување, додека работодавачите ќе имаат корист доколку вработуваат млади лица.
Само преку мерките што ќе се спроведуваат преку Министерството за економија и труд, а ќе се реализираат преку Агенцијата за вработување, ќе се доделуваат по 10 илјади евра за секој млад човек до 29 години, и до 7 илјади евра за отворање работно место или основање на компанија за лица над 29 години. Заеднички, доколку се одлучат две лица, финансиската поддршка ќе изнесува од 14 илјади до 20 илјади евра“, вели Бесар Дурмиши.
Во Северна Македонија во моментов има 94.700 невработени лица, од кои 61% се со ниско ниво на образование. Според директорот на Агенцијата за вработување, податоците покажуваат дека компаниите што се отворени преку оваа агенција се поуспешни од оние што се регистрираат директно преку Централниот регистар









