Полицајци нападнати во битолската болница

0
2047

На 29 јуни 2025 година, околу 17:35 часот, додека полициски службеници од СВР Битола вршеле службена асистенција на медицинскиот персонал, биле физички нападнати од лицето Д.К. (27) од Битола. Нападот се случил во просториите на Клиничката болница Битола.

Од страна на полициски службеници, веднаш беше преземена акција за совладување на напаѓачот, кој беше лишен од слобода. За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Битола.