Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

0
305

Синоќа во центарот на Скопје избувнал пожар во една од галиите поставени на реката Вардар, во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

На терен интервенирале екипи на Противпожарната бригада со едно возило и пет пожарникари, кои успешно го изгаснале огнот.

Пожарот е локализиран и целосно изгаснат за кратко време, а причините за неговото избувнување засега не се познати.