Марта Кос: ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ ЗА ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ, ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ, ТОА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ

0
557

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме во душата и срцето. Одговарајќи на новинарското прашање за бугарските амандмани на извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Словенката рече дека идентитет се и манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки и дека тоа не може никој да им го одземе на Македонците.

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават – рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос.

-Што се однесува до верзијата од Извештајот која што е сега пред европратениците, можам да кажам дека очекувам секаков инженеринг. Не би ме изненадило ништо. Јас сум малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, секогаш. Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што правата. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности – потенцира Мицкоски.