ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ ВИЗБЕГОВО, „ АКО ТРЕБА ЌЕ СЕ ЕВАКУИРААТ ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ОД ЦУК

0
236

Од ЦУК за Телма велат дека гори отпад во близина на депонијата Визбегово. „Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи“, соопштија од ЦУК.

 

Од таму велат дека по барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. На терен веќе делува канадер.
„Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон“, соопштија од ЦУК.