ЕП го усвои изваштајот за Македонија без „македонски јазик“ и „македонски идентитет

0
531

Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година.

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д и Обнови Европа – се согласија да ги отфрлат зборовите “македонски идентитет” и “македонски јазик”. За гласаа 461 европратеник, додека 121 беа против и 107 воздржани.

Денешното гласање следува по синоќешната парламентарна дебата по Извештајот на Вајц, која беше одбележана со националистичка и навредлива реторика од страна на бигарските и грчките европратеници кон Македонија.

Известувачот Вајц во своето обраќање рече дека документот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа Македонија и во него се поздравуваат некои достигнувања, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

Според Вајц, добрососедските односи можат да се градат со учество на двете земји, а не само едната.

„Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-ите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеаја да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ. Каде е Словенија денес, а што се случи со Северна Македонија? Па, имаше некои пречки на патот поврзани со историјата, со војните од минатиот век, со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно“, порача Вајц.