Македонија аплицира за кредит за вооружување

0
310

Македонија е меѓу 18те земји кои побарале кредити во вкупна вредност од 127 милијарди евра, преку инструмент создаден за зајакнување на одбранбените капацитети на континентот, соопшти Европската комисија.

Се работи за програмата наречена „SAFE“, како дел од новата стратегија на европската извршна власт за забрзување на заедничката набавка на оружје, како одговор на наводната руска закана.

 

Покрај членките, можност за аплицирање за средства од SAFE имаат и држави кои не се дел од Унијата, но кои имаат склучено договори за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ, меѓу кои е и земјава.

Листата од 18 земји кои поднеле барања за позајмици ја сочинуваат Белгија, Бугарија, Грција, Естонија, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка и Шпанија.

Вкупната вредност на поднесените барања за финансирање од земјите членки изнесува 104 милијарди евра како преостанати неискористени средства за вооружување.

Земијте имаат рок до ноември да аплицираат до Брисел и да достават детални планови за тоа како ќе ги потрошат средствата.