Арсовска: Во Скопје дивоградби има само во Чаир

0
185

Само факти, не политика. Некој кој направил лошо треба да одговара за истото“, децидна е градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за како што вели 150 дивоградби во општина Чаир.

Арсовска на денешниот брифинг со новинарите посочи дека оштетени жители на Чаир, секој ден доаѓаат во Град Скопје споделувајќи нови сведовштва. Таа вели дека објектите се небезбедни и нелегални и општина Чаир нема платено ниту еден денар кон градот. Арсовска вели дека во останатите општини во градот се’ е регулирано, таа потенцираше дека единствена општина со 150 дивоградби е општина Чаир

„Единствениот кој може да си го сруши рејтингот е криминалецот кој го прави криминалот. Можеби за мене и како жена и човек поопуртуно би било да кажам дека од општините каде води некој кој е член на ВМРО-ДПМНЕ дека има правено ваков криминал или таму да докажувам таков криминал. Има луѓе кои се кандидираат сега за нови мандати за градоначалници на општини, на Град Скопје, да излезам со такво нешто да има такво-верувам дека многу пологично би било. Поентата е дека не постои политичка позадина и не постои ниту една друга општина во градот Скопје која има криминал од ваков размер направено. Ниту една. Кажав повеќе пати и одговорно стојам.“

Откако градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу најави тужба против градоначалничката на Град Скопје за клевети-Данела Арсовска со став.

„Едвај чекам тој криминалец да тужи. Задоволство ќе ми биде да го соочам со сите овие докази. Во оваа наша држава постои закон, постои ред. Секој кој ќе се огреши пред законот треба да одговара за да не биде како и до сега.“

Градоначалничката кажа дека за дивоградбите во Чаир по десет години биле користени бројчиња на едни лица од нивното одбивање или од затворање на нивната постапка, за отпочнување на нови постапки на легализација преку кои што во геодетските елаборати според Арсовска се гледа дека се работи за градби кои датираат од минатата односно од оваа година. Арсовска останува на ставот дека се работи за сосема нови градби, за згради и вели дека не е законски дозволено, освен индивидуални објекти за домување-како тераси надградби, доградби.