Трамп воведе царински стапки за 69 држави, Македонија доби 15 отсто

0
190

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки на увозни давачки од 10% до 41% почнувајќи за седум дена за 69 трговски партнери.

Новите царини на Трамп ги опфатија и Македонија и земјите од регионот. Стоките од нашата земја ќе се царинат со стапка од 15 отсто, од Србија 35 отсто, од Босна и Херцеговина 30 отсто, додека земјите од Европската Унија со 15 отсто.

Наредбата на Трамп вклучува и 35 отсто царина за многу стоки од Канада, 50 отсто за Бразил, 25 отсто за Индија, 20 отсто за Тајван и 39 отсто за Швајцарија.