Германска автомобилска компанија официјално објави банкрот, принудена да ги продава своите модели за џабе.
Станува збор за производител кој одлучи да тргне поинаков пат од домашната, веќе добро воспоставена конкуренција, но сега гледа како неговите деловни резултати драстично се намалуваат, што доведе до официјално прогласување банкрот во Германија.
Станува збор за Sono Motors, стартап кој вети дека ќе ја револуционизира достапната и соларна електрична мобилност, а сега се приближува кон продажба на своите средства.
Компанијата изгради лојална база на поддржувачи преку моделот на групно финансирање, кои веруваа во нејзиниот сон за целосно електричен автомобил со соларни панели на покривот – возило идеално за градот, со нула емисии, минималистички дизајн и одличен сооднос цена-квалитет, објавува Blic









