Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција

0
487

Со плакати и слогани „Слобода за Палестина“; „Стоп за геноцидот“; Никој од нас не е слободен, сè додека не е и Палестина“; „Не за војната, не за геноцидот, само солидарност и мир“; „Мир и правда за Палестина“ на над 110 различни локации низ цела Грција синоќа се одржаа мирни протести во рамките на т.н. ден на акција за поддршка на палестинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мирни протести освен во големите грчки градови како што се Атина и Солун имаше и на островите и на речиси сите туристички дестинации.