Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје

0
1253

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“, чиј лет од Крит за Белград бил закажан 15 минути по полноќ, денес околу 4 часот утрото завршија на аеродромот во Скопје, пренесува N1.rs.

Јелена, една од патничките на летот, за порталот изјавила дека на аеродромот во Скопје сите – вклучувајќи ја и полицијата – биле изненадени од пристигнувањето на авионот, бидејќи од „Виз ер“ било пријавено дека се работи за празен лет. „Од авион излеговме околу 200 патници“, раскажала таа.

Патниците не биле однапред информирани дека летот ќе биде пренасочен. Прво добивале СМС-пораки за одложување, а на крајот во 4:20 часот утрото полетале преку Скопје. „Во Скопје не’ задржаа во авионот подолго време, не дозволуваа да излеземе додека на една жена не ѝ се слоши. На крајот нè оставија на празен аеродром“, изјавила Јелена.

Таа додала дека пилотот им појаснил дека нивното работно време е завршено и дека повеќе информации ќе добијат на аеродромот. Но, таму вработените и полицијата биле целосно збунети, бидејќи им било пријавено дека пристигнува празен авион.