Филипче: Владата со цинични половина денар за килограм се фали со повисоки откупни цени на грозјето

0
214

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со лозарите од кавадаречкиот регион. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лозарите и за целосниот недостаток на поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговорите што ги имав со лозарите се загрижувачки. Лозарството е извозно ориентирана гранка со која се гордееме и која ја работат генерации семејства. Денес, после 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква поддршка“, изјави Филипче.

Според него, цинични се изјавите на Владата дека е зголемена откупната цена на грозјето. Реалноста е дека откупната цена е зголемена за половина денар, во услови кога производствените трошоци, коишто вклучуваат работна рака, прскање на лозјата, нафта којашто е потребна за обработка на земјиштето се толку многу зголемени, што зголемувањето за половина денар по килограм е срамно ниска откупна цена на грозјето.

Тој посочи дека лозарите ја почнале бербата во неизвесност, бидејќи Владата свесно го прекршила законот и не ја објавила производствената цена до 15 јули како што е предвидено. Дополнително, рече Филипче нема зелена нафта, нема авансни исплати на субвенции, укината е поддршката за квалитетно грозје, стопирана е помошта за нови семејни винарии.

 

„И како во други случаи, како што видовме досега, Владата се грижи само за големите бизниси, во еден друг контекст за маркетите, воопшто нема никакви мерки за намалување на цените и на потрошувачката кошничка, а во контекст на лозарите сега им дава поддршка само на големите винари за откуп на грозјето, сè на штета на обичните лозари и производители. За жал, ова е уште една потврда за дебаклот на економската политика на оваа влада“, потенцираше Филипч

е.