Институциите си ја префрлаат одговорноста додека 5 годишното девојче од Скопје со потешкотии во говорот се уште чека одговор за барањето за надоместок за логопед. Од министерството за социјална политика, демографија и млади за Телевизија 24 без конкретен одговор зошто родителите не биле известени за измените во процесот за пдонесување документи. но и зошто толку се чека за поднесено барање.
Оттаму само го цитираат на Законот за социјална заштита.
Министерство за социјална политика демографија и млади
– Законот за социјална заштита предвидува можност, доколку наодот и мислењето упатува на потреба, детето да користи социјална услуга – центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа во која што спаѓа и услугата од логопед и специјален едукатор и рехабилитатор. Истата се дава најмногу до 12 индивидуални третмани месечно. За остварување на оваа услуга потребно е да се достави барање со дополнително предвидената документација до месно надлежниот центар за социјална работа.
Од социјала ги прозваа од министерството за здравство како надлежни за промена на процедурата и закажувањето преку Мој термин. Од здравство пак до објавување на овој прилог не добивме одговор. И додека институциите не даваат конкретни одговори семејството на 5 годишното девојче вчера за ТВ 24 алармираше дека секое одолговлекување може да и ја влоши состојбата.
Семејството алармираше бидејќи не добиваат одговори ниту информации за законските прават што им следуваат па затоа мора да плаќаат приватен логопед.









