Мицкоски не планира да урива дивоградби по примерот на Албанија

0
248

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Брвеница на новинарско прашање одговори дека не планира масовно да урива дивоградби по примерот на Албанија и кампањата на тамошниот премиер Еди Рама.

– Мојата филозофија во животот е да градам,а не да уривам, кратко одговори Мицкоски на новинарското прашање.

Албанија и албанскиот премиер Еди Рама се актуелни изминатиот период со широката кампања за уривање на дивоградби, особено на туристичкото крајбрежје околу Валона и Саранда.

Рама порача дека кампањата за уривање на дивоградбите во Албанија ќе продолжи. Посебното државно тело за оваа намена – Националниот инспекторат за заштита на територијата (ИКМТ) неодамна урна 66 нелегални објектикај р’тот Родон кај Драч. Рама го опиша подрачјето како природно богатство кое било злоупотребено за профит преку нелегална градба.

ИКМТ се фокусира на неовластени градби, фокусирајќи се на крајбрежните зони и заштитените подрачја.