(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Твојата филозофија е дивеење и беззаконие, ама мало сутра ќе дивеете во Карпош

0
232

Твојата филозофија е дивеење и беззаконие, му порача градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на премиерот Мицкоски во врска со неговата изјава дека неговата филозофија е градење, не уривање.

Дивоградбите не се градење, дивоградбите се анархија. Твојата филозофија е беззаконие, не постои премиер во светот што поддржува беззаконие. За тебе се небитни граѓаните кои сакаат да градар по закон, да си платат комуналии и давачки. Ние мислевме дивоградби граделе мафија, а тоа биле твоите партнери, затоа ли го предложи твојот другар за кандидат за градоначалник на Карпош? Да може да дивеете во Карпош? Е мало сутра – порача Јакимовски.

ЛИНК од видеото