Бујар Османи ја посети црквата во Чаир

0
291

Кандидатот за градоначалник на ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи, денеска преку видео-порака објави дека бил во џамија и црква на територијата на Чаир, промовирајќи ја новата мерка која е дел од неговата програма.

Поранешниот министер за надворешни работи најави дека во општинското комунално претпријатие ќе се формира посебен сектор кој ќе се грижи за севкупната хигиена и одржување на верските објекти во Чаир.
Оваа идеја, како што истакна Османи, произлегува од разговорите со граѓаните и веќе е широко прифатена.

Тој вели дека доказ за тоа биле и позитивните реакции на верските претставници од двете заедници, кои ја поздравија мерката во видеото објавено денес.

„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа,“ порача Османи.

Според него, оваа заложба претставува клучен дел од зачувувањето на заедничките вредности и почитувањето на различностите во Чаир.