На прес-конференцијата што заеднички ја одржа гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, со помош на ФБИ, за прв пат беше споделено видеото на осомничениот, или „лицето од интерес“ во истрагата за атентатот врз Чарли Кирк.
Гувернерот на државата Јута изјави дека ги прикажуваат овие информации со цел „да добијат помош од јавноста“ во пронаоѓањето на „злото човечко суштество“, пренесува Телеграф.рс.
Видеото започнува со снимка од зградата од која е испукан истрелот во кој е убиен Кирк.
Лице облечено во црно се гледа како трча преку покривот до аголот на зградата, каде што се спушта преку работ и на тревата подолу, пред да оди до блискиот пат и да исчезне во шумата.
Властите велат дека осомничениот носел очила за сонце, чевли „Конверс“ и „препознатлива“ црна маица со американско знаме и орел на неа.
„Бараме само соработка од јавноста. Добиваме разни извештаи од јавноста, тие ни даваат индиции и ни овозможуваат да ја продолжиме истрагата“, рече висок функционер на истрагата.









