Додека гори во Трубарево, министерот за животна средина Меџити во кампања за локалните избори во Чаир

0
224

Министерот за животна средина Изет Меџити на својот фејсбук профил сподели дека си ,,тера” изборна кампања во Чаир, односно е на средба со граѓаните, додека во другиот крај на Скопје, во Трубарево се случува еколошка катастрофа.

Од неговото министерство засега не излегоа со став или препораки за пожарот, додека од Министерството за здравство само кусо соопштија дека ја следат состојбата.