Додека граѓаните се гушат во ѓубре и по неколку недели нема кој да ги собере кантите со смет, а за санирање на дефектите во водоводната мрежа се чека со денови- од синдикатот алармираат дека состојбата во комуналните претпријатија е очајна. Ниските плати, нередовната исплата, немањето регрес за годишен одмор како и основна работна и заштитна опрема ги бркаат работниците од комуналните претпријатија во земјава.
Уште поалармантно е тоа што работничките права и платите ги добиваат благодарение на штрајкови и протести.
–Во ЈП Водовод и канализација Скопје во изминатите две и пол години, претпријатието по разни основи го напуштија некаде околу 280 вработени. И за жал морам да потенцирам дека поголемиот дел од нив, покрај оние кои ги исполнуваат условите за редовно пензионирање, го напуштија претпријатието поради ниските плати, изјави Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.
Кашиковски вели си одат водоводџии, водоинсталатери, багерист, оператори на машини бидејќи платата во приватниот сектор е поголема. Вкупниот број колку работници заминале од комуналните претпријатија, дополнително ќе го обезбедат.
Но, вели состојбата во комуналните претпријатија особено во Скопје е очајна. Новите раководства после изборите, ќе наследат претпријатија во долгови.
Logo
Македонија
Град Скопје се „дави“ во ѓубре, нема кој да го собира!
Александра Филиповска
Автор:
Александра Филиповска
17/09/2025 17:29
Додека граѓаните се гушат во ѓубре и по неколку недели нема кој да ги собере кантите со смет, а за санирање на дефектите во водоводната мрежа се чека со денови- од синдикатот алармираат дека состојбата во комуналните претпријатија е очајна. Ниските плати, нередовната исплата, немањето регрес за годишен одмор како и основна работна и заштитна опрема ги бркаат работниците од комуналните претпријатија во земјава.
Уште поалармантно е тоа што работничките права и платите ги добиваат благодарение на штрајкови и протести.
–Во ЈП Водовод и канализација Скопје во изминатите две и пол години, претпријатието по разни основи го напуштија некаде околу 280 вработени. И за жал морам да потенцирам дека поголемиот дел од нив, покрај оние кои ги исполнуваат условите за редовно пензионирање, го напуштија претпријатието поради ниските плати, изјави Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.
Кашиковски вели си одат водоводџии, водоинсталатери, багерист, оператори на машини бидејќи платата во приватниот сектор е поголема. Вкупниот број колку работници заминале од комуналните претпријатија, дополнително ќе го обезбедат.
Но, вели состојбата во комуналните претпријатија особено во Скопје е очајна. Новите раководства после изборите, ќе наследат претпријатија во долгови.
-По некои мои информации сите јавни комунални претпријатија на територија на Град Скопје се во огромни долгови. Имаше во јавноста некои податоци сега не би сакал да шпекулирам, меѓутоа она што јас го знам Водовод има доста големи долгови, Комунална, Паркови и зеленило Улици и патишта и така натаму. Нема претпријатие кое што е без долг. И ЈСП исто така да не го заборавиме, изјави Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.
Рече дека благодарение на повеќе протести обезбедиле почитување на работничките права во повеќе комунали и водоснабдителни претпријатија во земјава. А најави и кривични пријави за 17 директори кои не го почитувале општиот колективен договор.









