Сојузот на борци реагира на средбата на Касами со Шпатим Положани кој предводеше иницијатива за федерализација

0
269

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи упатува остра реакција поради синоќешната средба на Билал Касами во кабинетот на градоначалникот на Општина Тетово со Шпатим Положани..

Подолу е целото соопштение на Сојузот на борци

“Потсетуваме дека во јуни 2009 година Шпатим Положани со неколкумина други предводеше иницијатива за федерализација на Македонија, а во ноември 2017 година ја згрози јавноста со изјава за весникот ,,Лајм” дека – ,,албанците се 50% од населението на Македонија и треба да одлучат дали оваа држава треба да постои или не.”

Сметаме дека носителите на јавни функции не смеат да даваат легитимитет на националисти кои со своите ставови и активности ја презираат или загрозуваат државноста на Македонија или создаваат атмосфера на јаз помеѓу народите. Притоа, давањето квалификации на величење на ваквите поединци е за секоја осуда. Кабинетот на градоначалникот е место кое не е во приватна сопственост и од таму треба да бидат испраќани исклучиво пораки за испорачување на јавни политики и градење на општествена инклузија и кохезија. Односот на Македонците и Албанците со децении минуваше низ сериозни искушителни времиња и погубно е одржување на состојба на спротивставеност и конфликтност.

Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово