СО КАМЕН МУ ГО СКРШИЛ ЧЕРЕПОТ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ КАНДИДАТОТО ЗА СОВЕТНИК ЗА КОЧАНИ

0
410

Напаѓачот од Виница кој минатата недела ја нападна кандидатот за советник Имит Скопко, ќе одговара за нанесување тешка телесна повреда, соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот, осомничениот најпрво му задал удари со тупаници, а потоа продолжиле да се удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил Имит Скопко во задниот дел од главата, по што кандидатот паднал во бесознание. По ударот, му беше констатирана тешка телесна повреда – скршеница на черепот, поради која се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност“, соопшти Јавното обвинителство.