Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро реагираше на, како што вели, „очајните и политички мотивирани напади“ од СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека преку постојани барања за негова оставка се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и стравот од одговорност.
„Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото не се бришат со папагалско повторување на зборот ‘оставка’“, вели Тошковски во својата изјава, додавајќи дека СДСМ секојдневно фабрикува кризи и спинови, обидувајќи се од секоја тема да направи политички напад.
Тој потенцира дека повеќе од една година центарот за прес на СДСМ не прави ништо друго освен да бара негова оставка, без аргументи и без конкретни докази за било каква одговорност. –









