Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола, туку наместо тоа им одреди куќен притвор.
Од Обвинителството реагираа на ваквата одлука, истакнувајќи дека не се согласуваат со мерката и дека ќе поднесат жалба, со барање да им се одреди ефективен притвор.
„Особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот поседува и значителен имот во друга држава, Обвинителството смета дека мерката куќен притвор не е соодветна“, соопштија од ОЈО Битола.









