Димитриевски до Филипче: Дојди на ТВ-дуел за пред јавноста да ги соочиме аргументите и фактите

0
286

Лидерот на ЗНАМ вели дека Филипче не може да биде човек што ќе ја претставува социјалдемократија бидејќи „ниту знае со колкав имот располага ниту може самиот да си ги преброи становите“

Лидерот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој синоќа од Прилеп го нарече Димитриевски – пион на Мицкоски, предавник на социјалдеморкатската идеја и подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриевски го нарекува Филипче „првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски“, кој од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ обвинува за соработка.

„Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили“,

вели Димитриевски.