Градоначалникот на Тетово Билал Касами се огради од изнесените ставови на кандидатот на ВЛЕН Хаќим Рамадани кој ќе се трка за градоначалничко место за Општина Брвеница со кандидатот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Јовица Илиевски. Според Касами во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија
„Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, изјави тетовскиот градоначалник Биљал Касами во телевизиско интервју.









