КАСАМИ СЕ ОГРАДИ ОД СТАВОВИТЕ НА РАМАДАНИ: Етничките поделби не се најдобра стратегија

0
185

Градоначалникот на Тетово Билал Касами се огради од изнесените ставови на кандидатот на ВЛЕН Хаќим Рамадани кој ќе се трка за градоначалничко место за Општина Брвеница со кандидатот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Јовица Илиевски. Според Касами во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија

„Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, изјави тетовскиот градоначалник Биљал Касами во телевизиско интервју.