По лавината реакции за синоќешниот скандал во Велес,„Слободен печат“ доби ексклузивна изјава од српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, која објаснува дека не сакала да испрати никаква политичка порака, туку дека нејзиниот гест бил дел од вообичаената комуникација со публиката.
Концертот на Ражнатовиќ, кој се одржа вчеравечер во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, Македонија, заврши со инцидент кој ја разбранува јавноста. За време на настапот, Цеца подигна бугарско знаме, потег што предизвика бурна реакција кај дел од публиката, свирежи, негодување и заминување од салата.









