(Видео) Кандидат за градоначалник од Влен, пречекува гласачи донесени од дијаспората

0
431

Кандидатот за градоначалник од ВЛЕН, на Општина Брвеница, Хаким Рамадани, на социјалните мрежи објави видео како на Аеродром ги пречекува иселениците.

На видеото се гледа како Рамадани пречекува и се поздравува со маса на луѓе, кои најверојатно дошле во Македонија за да може да гласаат на Локалните избори во недела.

За потсетување, во вториот круг на Локалните избори во Брвеница влегоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски и кандидатот на ВЛЕН, Хаким Рамадани.