Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање на територии и двојно помала војска

0
102

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно поскоро да го прифати мировниот план што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го договори со Москва за прекин на војната на Русија против Украина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници.

Украински претставници и лице запознаено со процесот го споредија пристапот на САД со агресивниот притисок што Вашингтон го изврши оваа година врз претседателот Володимир Зеленски да прифати договор за правата на минерални богатства, според „Фајненшл тајмс“.

 

Според „Фајненшл тајмс“, мировниот план од 28 точки, одобрен од претседателот Доналд Трампвчера и развиен од американските и руските преговарачи, повикува на големи отстапки за Украина што ги преминуваат нејзините долгогодишни црвени линии.