Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот го обвини Мицкоски: „Причината е наводно тоа што Лукас носел македонско знаме, а не бугарско“

0
292

Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат од страна на македонската полиција, а Лукас бил приведен, пишуваат српските медиуми.

По приведувањето на социјалните мрежи се огласи менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ, кој напиша:

– Ме разбудија моите луѓе од Македонија, велат дека Лукас бил приведен, а неговиот настап во Кавадарци бил прекинат по наредба на Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија. Причината е наводно тоа што Лукас носел македонско знаме, а не бугарско. Не знам што друго да кажам, колку е раширена оваа лудост. Па, дали тој човек е Македонец или Бугарин?! Ајде, пуштете го човекот дома, немојте да бидете глупави. Ја приведувате најголемата балканска ѕвезда затоа што се облекол во македонското знаме. Ги оставате луѓето што платиле билети без настап. Ја прекинувате настапот, играте шери во Кавадарци – истакна Саша Мирковиќ и продолжи:

– Зошто? Дали е овој Мицкоски таму, дали е нормален? Дали можеби има некои е*ани луѓе околу него? Ова воопшто не ми е јасно. Но, Лукас е навикнат на тоа, ќе спие на тие штици, па утре кога ќе се разбудиме ќе закажеме прес-конференција, за да објасниме со кого е поврзан секој од нив во владата и што им се прави на граѓаните на Македонија. Целосна поддршка за Лукас. Издржи, Ацо! Народот е со тебе и не грижи се. Твојот брат те сака. Ќе спијам, за да можам да бидам посвеж утре.

Голем број фанови на Лукас се собраа пред полициската станица скандирајќи го неговото име, тврди „Хајп продакшн“.