Мицкоски: Случајот со Аца Лукас не заслужува големо внимание

0
240

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како ги коментира обвинувањата за наводна вмешаност во апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци.

„Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од кабинетот да ме информираат пред неколку дена мислам дека тогаш се случило. Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека законите и правилата се јасни и дека секој мора да ги почитувa.

„Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, нагласи премиерот.